Политика за приватност
Последна измена: октомври 2026
1. Контролор и обработувач
Контролор на личните податоци поврзани со корисничката сметка е Друштво за производство, трговија и услуги ИНМАК ДОО Скопје(„ние“). За податоците што адвокатската канцеларија ги внесува за своите предмети (доверители, должници, нивни идентификациски податоци, износи и исправи), канцеларијата е контролор, а Јустинијан НПН настапува како обработувач што ги чува и обработува тие податоци исклучиво по налог на канцеларијата и за потребите на Услугата.
2. Кои податоци ги собираме
- Податоци за сметката: е-пошта, лозинка (хаширана), назив, ЕМБС, ЕДБ, адреса и контакт на канцеларијата, имиња на адвокатите-потписници, слики за заглавје/подножје.
- Податоци за предметите: што ги внесува канцеларијата — доверители и должници (назив/име, ЕМБС, ЕДБ, ЕМБГ, адреса), износи, датуми, исправи, нотар, статуси и забелешки.
- Прикачени документи: тековните состојби и фактурите се обработуваат само за извлекување на податоците, во меморија — не се складираат кај нас.
- Технички податоци: IP адреса, тип на прелистувач и време на пристап — за безбедност и дневник на важните дејства.
3. Правен основ за обработка
- Извршување на договор — обработката е неопходна за обезбедување на Услугата.
- Легитимен интерес — безбедност на системот, спречување злоупотреба и подобрување на Услугата.
- Законска обврска — издавање и чување на сметководствена документација (профактури/фактури).
4. Како ги користиме податоците
- Изготвување на предлози за НПН и пресметка на трошоци и камата
- Автоматско пополнување на податоци за доверители и должници
- Евиденција и извоз на предметите
- Администрација на сметки и наплата на претплата (профактури и фактури)
- Безбедносни дневници и заштита од злоупотреба
5. Споделување со трети страни (обработувачи)
Податоците не ги продаваме и не ги споделуваме за маркетинг. Ги користиме следните доверливи обработувачи:
- Supabase — база на податоци, најава и складирање на сликите за меморандум (ЕУ, Ирска)
- Vercel — хостирање на апликацијата
- Sentry — пријави за технички грешки (сервери во ЕУ): само каде и зошто настанала грешката — без е-пошта, IP адреса и пребарувања
- Resend — испраќање на е-пораките од Услугата (потврда на е-пошта, нова лозинка, фактури, потсетници)
- Anthropic (САД) — само за функцијата AI читање на фактури (план Напреден), кога корисникот ќе прикачи фактура: содржината се праќа за извлекување на бројот, датумите и износот. Anthropic не ги користи овие податоци за обука на моделите и ги брише во рок од 30 дена (освен ако е потребно за спречување злоупотреба или по закон). Преносот надвор од ЕУ се врши со соодветни заштитни мерки (стандардни договорни клаузули).
- ImprovMX и Google (Gmail) — прием на пораките што ни ги праќате на нашите адреси за контакт
6. Задржување на податоци
Податоците за предметите се чуваат додека канцеларијата не ги избрише или не побара бришење на сметката. По истек на пробниот период или на претплатата, податоците се чуваат уште 90 дена и се повторно достапни со активирање на претплатата во тој рок; канцеларијата може да ги преземе (извоз) додека се чуваат. По тој рок податоците за предметите и странките се бришат трајно — за тоа известуваме по е-пошта 30, 7 и 1 ден однапред. Сметката и сметководствената документација (нарачки, профактури, фактури) се чуваат согласно законските рокови. По барање за бришење на сметка, податоците се отстрануваат во разумен рок, освен она што мораме да го задржиме по закон.
Нацртот на формата во генераторот се чува само во Вашиот прелистувач, најмногу 7 дена, и се брише при одјава.
7. Ваши права
Согласно Законот за заштита на личните податоци на РСМ и GDPR, имате право на пристап, исправка, бришење, преносливост, приговор и ограничување на обработката. Преносливоста ја остварувате сами, преку извозот на предметите (Excel/CSV). За остварување на другите права пишете ни на privatnost@justinijan.com. Ќе одговориме во рок од 30 дена.
8. Колачиња (Cookies)
Користиме исклучиво функционални колачиња и локално складиште неопходни за работа на апликацијата (одржување на сесијата, Вашите поставки, нацртот на формата). Не користиме аналитички, рекламни или колачиња за следење од трети страни.
9. Безбедност
Применуваме технички и организациски мерки за заштита: шифрирана комуникација (HTTPS/TLS), хаширање на лозинки, изолација на податоците по канцеларија на ниво на база (Row Level Security), ограничување на барања и безбедносни заглавија.
10. Измени на политиката
Задржуваме право на измена на оваа Политика. За значајни промени ќе Ве известиме преку апликацијата или е-пошта. Датумот на последната измена е наведен на почетокот.
11. Контакт и надзорен орган
За прашања поврзани со заштита на лични податоци пишете ни на privatnost@justinijan.com (останатите податоци се во Импресумот). Имате право да поднесете претставка до Агенцијата за заштита на личните податоци на РСМ (dzlp.mk).